Ерик тен Хаг застана во одбрана на Андре Онана откако камерунскиот голман имаше уште еден натпревар за заборав на голот на Манчестер Јунајтед, примајќи три гола од кои првиот дефинитивно е целосно негова вина ако се знае дека топката одеше по средина на голот, а тој дозволи да заврши во неговата мрежа.
Јунајтед се најде на работ на амбисот со само теоретски шанси за пласман во осминафиналето (триумф во последното коло над Баерн, но и вториот меч меѓу Копенхаген и Галатасарај да заврши без победник), но Тен Хаг потенцираше дека е погрешно да се бараат индивидуални виновници.
„Победуваме и губиме заедно. Не го обвинувајте Онана, бидејќи ова не беше меч што го загубивме поради една случка. Точно е, индивидуалните грешки некогаш имаат влијание, но секогаш е за тимот и за реакцијата. На нас цела сезона ни се повторуваат некои работи, добро почнуваме, стигнуваме до водство, а потоа не знаеме како да го задржиме. Имавме многу грешки на сите делови од теренот, тоа пресуди да не победиме, а не индивидуалниот момент на голманот. Ние сме презадоволни од Онана и од целокупната голманска екипа“, изјави Тен Хаг по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА