Лион го „шутна“ Фабио Гросо

Фабио Гросо повеќе не е шеф на стручниот штаб на Лион откако доби отказ од функцијата по слабите игри и резултати на чело на поранешниот првак на Франција. Тој пред два месеци го наследи Лорен Блан на клупата, но разочарувачките настапи на Лион продолжија, по што овој тим остана закован на дното на табелата.

Гросо забележа само една победа, и тоа на гостувањето против Рен, но тоа беше меч на кој противникот 85 минути беше со фудбалер помалку на теренот. Сепак, откако Лион загуби рутински на домашен терен на последниот дуел со Лил, беше јасно дека Гросо не може да го разбуди „заспаниот џин“, по што денеска и официјално следеше разделба од италијанскиот стратег.

За привремен тренер е именуван Пјер Саж, поранешен асистент во третолигашот Ред Стар кој во последните месеци ја извршува функцијата директор на тренинз центарот на Лион. Тој ќе го води тимот на саботниот меч со Ленс, по што се очекува во наредната седмица да биде избран и новиот тренер на Лион.

Се вчитува...