Проблеми за Е. Пелистер: Кисум отпадна за Киелце, „виси“ и настапот на Васиљев

Македонскиот првак Е. Пелистер како аутсајдер отпатува за Полска на гостувањето против Киелце во рамките од деветтото коло од Лигата на Шампионите, а тренерот Ангеловски се соочува со дополнителни главоболки околу составот за денешното гостување.

Имено, данскиот бек Каспер Кисум воопшто не отпатува со остатокот од тимот за Полскаа поради сезонски грип, ослабувајќи ја надворешната линија на „пелистерци“. Покрај тоа, неизвесно е и дали ќе може да настапи Денис Васиљев, поради законската регулатива за  влез на руски државјани во Полска.

Натпреварот меѓу Киелце и Еурофарм Пелистер се игра вечерва со почеток во 20.45 часот. Киелце моментно се наоѓа на третото место во групата со десет освоени бода, додека македонскиот шампион е последен на табелата со осум порази на првите осум натпревари.

Се вчитува...