Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
==========================================================================================================================
ТИМ НА 16. КОЛО
Неверојатни и крајно возбудливи натпревари ни донесе 16. рунда во Првата македонска фудбалска лига. Најтрофејниот клуб Вардар се поблиску е до враќање во Втората лига откако синоќа загуби на домашен терен и од Струга Трим Лум со 1-3. Работнички и на вториот меч предводен од Гоце Седлоски не успеа да стигне до полн-плен откако загуби на гостувањето кај Шкендија со 2-0. Шкупи ремизираше без голови против Гостивар, а Македонија Ѓорче Петров во финишот стигна до минимална победа над Силекс (1-0). Тиквеш одигра одлично на гостувањето кај Воска каде славеше со 0-3, додека Брегалница во 94. минута успеа да се спаси од пораз против АП Брера (1-1).
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Иван Ивановски (Тиквеш)
Тиквеш одигра одлично на гостувањето кај Воска каде славеше со 0-3. Иако тимски одиграа неверојатно кавадарчани, на овој меч се истакна одличниот Ивановски кој постигна два гола и со тоа го заслужи епитетот играч на рундата во ПМФЛ.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ѓорѓи Мојсов (Тиквеш)
Тиквеш славеше со 0-3 на гостувањето кај Воска, а токму тренерот Ѓорѓи Мојсов одлично го постави својот тим и тотално го надмудри својот колега на клупата на Воска, па поради тоа и повеќе од заслужено го доби епитетот тренер на рундата во ПМФЛ.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Иван Ивановски (Тиквеш)
Тиквеш одигра одлично на гостувањето кај Воска каде славеше со 0-3, а големата победа почна со одличната тимска акција на кавадарчани, која на крајот само ја запечати со погодок Ивановски.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА