МВП на 9. коло во ПЛМ – Бојан Трајковски (ВИДЕО)

Деветтото коло од Првата кошаркарска лига ни донесе шест возбудливи натпревари на терените ширум Македонија по кои на победи се радуваа МЗТ Скопје, Работнички, Еуро Никел, Академија ФМП, Пелистер и Охрид.

А, најкорисниот играч доаѓа од натпреварот одигран во „Билјанини Извори“ и тоа е центарот на Феникс 2010, Бојан Трајковски кој одржа лекција по кошарка во Охрид. Искусниот кошаркар броеше до 35 поени со реализација 7/10 во обидите зад линијата 6,75, а додаде и 7 скокови, 4 асистенции и по една украдена топка и блок за индекс на корисност од 38.

 

Се вчитува...