Ракометарите на Еурофарм Пелистер го доживеаја и деветтиот пораз во исто толку натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона. Ништо ново кога е во прашање македонскиот шампион, кој овој пат загуби убедливо на гостувањето против Киелце со 35-25.
Уште во првото полувреме во Киелце беше јасно дека ракометарите на македонскиот шампион нема да имаат сили за евентуално изненадување против фаворитот. По почетната израмнетост, полскиот тим презеде се во свои раце во втората половина на првиот дел па на пауза се замина со предност од 18-13 за домашните.
Во второто полувреме и дополнително посигурната игра на ракометарите на Киелце од самиот почеток, наспроти бројните грешки во нападот на Е. Пелистер, резултираше со серија од 9-4 во првите 15 минути од вториот дел, и предност за Полјаците и од 27-17 во 45. минута од средбата. Сето тоа за само рутинско приведување кон завршница за Киелце за конечна победа од 35-25.
Haukur Thrastarson 😳💪🔥 Lightning fast!#ehfcl #clm #DareToRise @kielcehandball pic.twitter.com/PsXHRzEooQ
— EHF Champions League (@ehfcl) November 30, 2023
Најефикасен во редовите на Пелистер беше Цехте со 7 гола, Пешевски го заврши мечот со пет погодоци Радивојевиќ запиша четири гола. Во победничкиот тим Исланѓанецот Трастарсон заврши со 7 погодоци, а Алекс Душебајев постигна пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА