Обрадовиќ: Па не може ние во Партизан да донесеме 12 Џордани!

Белградски Партизан, предодреден за драми оваа сезона во Евролигата, синоќа славеше со 92-87 по продолжение во 11. коло од најквалитетното европско клупско натпреварување.

Стратегот на црно-белите, Жељко Обрадовиќ сосема очекувано не го криеше задоволството од начинот на борба на неговите избраници, со интересен осврт на дел од играта на поединци, но и целиот изглед на Партизан сезонава во Евролигата.

„Понитка се бори колку може, Камински игра извонредно. Па, не може ние во Партизан да донесеме 12 Џордани во тимот. Френк Камински има маани, но кога нешто ќе му се каже тој разбира и одлично реагира. Тоа се играчите кои се тука, тоа е тоа што имаме во тимот, и задоволен сум од односот на сите нив“ – истакна Обрадовиќ на прашањето за играта на поединци во црно-белиот состав.

А, што се однесува до триумфот над Панатинаикос…

„Кога се бориш се се враќа, а играчите се борат и на минус од 10 поени. Покажавме неверојатна енергија зада се вратиме и да победиме. Играв со сите 12 кошаркари. Им честитам на играчите, но и на сите навивачи од трибините кои ни испраќаат невидена енергија. Им благодарам“ – рече Обрадовиќ.

Се вчитува...