Дали Сампдорија ќе стане италијанскиот Њукасл?

Роберто Манчини го користи угледот, влијанието и контактите кои како селектор на Саудиска Арабија ги има во таа земја која е исклучително заинтересирана да инвестира во фудбалот и спортот воопшто.

Италијанските медиуми пренесуваат дека легендарниот фудбалер на Сампдорија, за која настапуваше 15 години и беше дел од тимот што го освои историското „скудето“ со тренерот Вујадин Бошков, доброволно се вклучил во преговори со саудиското кралско семејство, односно моќниот „ПИФ „ фонд, во врска со инвестиција во Сампдорија.

Сампдорија се натпреварува во Серија Б оваа сезона, откако минатата година имаше повеќе менаџери (4) отколку победи во Серија А (3). Клубот во моментов е во сопственост на двајца бизнисмени, Андреа Радричани и Матео Манфреди. Во исто време, Манфреди преговара со малите акционери за купување на нов пакет акции, што ќе го зголеми неговиот удел во сопственост, но и ќе донесе свежи средства во клубот, како и со „најголемата риба“ во фудбалот, саудиското кралско семејство Салман. Идејата на Манфреди е Сампдорија да стане дел од „мрежата“ што фондот „PIF“ ја плете низ светот, односно да стане нешто како „италијански Њукасл“.

Затоа тој веќе најави посета на Саудиска Арабија на 13. декември, кога се отвора Светското клупско првенство на ФИФА во Џеда, каде наводно во друштво на Манчини ќе се сретне со самиот принц Мохамед бин Салман Ал Сауд.

Се вчитува...