Гвардиол: Пред три години да ме прашавте дали сакам да играм за Манчестер Сити…

Младиот Хрват Јошко Гвардиол изминатото лето стана најскапиот стопер во историјата откако оствари трансфер вреден 90 милиони евра од Лајпциг во Манчестер Сити, засилувајќи го европскиот шампион и веднаш наметнувајќи се како еден од стандарните во тимот на Пеп Гвардиола.

Дваесетиедногодишникот беше во центарот на вниманието пред дерби средбата од 14. коло во Премиерлигата против Тотенхем и за медиумите говореше на повеќе теми, а една од нив беше прилагодувањето на новата средина за која откри дека некогаш не може да верува каде е.

„Понекогаш не можам да поверувам искрено. Пред три години играв за Динамо Загреб и тогаш да ме прашавте дали би сакал да бидам дел од Манчестер Сити ќе ве прашав дали се шалите. Но, ете поминаа три години и јас сум тука. Неверојатно“, вели Гвардиол.

Се вчитува...