Му нема рамен: Никола Јокиќ прв фаворит за МВП наградата

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ по освоениот шампионски трофеј и заслужениот летен одмор се врати на паркетот во НБА лигата и одновно блеска во дресот на Денвер Нагерс предводејќи го тимот до 13 победи на 19 одиграни натпревари со просек од 29 поени, 13.2 скокови и 9.2 асистенции со што одново е прв фаворит за освојување на МВП наградата според последното рангирање на НБА лигата.

На второто место се наоѓа Џоел Ембид, камерунскиот центар кој е актуелен најкорисен играч на регуларниот дел од НБА лигата, додека на третото место изедначени се Лука Дончиќ и Шеј Гилџус-Александер. Меѓу најдобрите десет место земаат и: Јанис Адетокумпо, Тајрис Халибуртон, Џејсон Тејтум, Кевин Дурент, Ентони Едвардс и Леброн Џејмс.

Се вчитува...