Голманот на Хамбургер во градското дерби го постигна „најпацерскиот автогол“ во историјата (ВИДЕО)

Сент Паули има водство од 2-0 на полувреме против лутиот градски ривал Хамбургер во мечот од 15. коло во Втората германска фудбалска лига.

Нетрпеливоста меѓу овие два тима одамна е далеку прочуена, но фактот што двата тима се на водечките позиции на второто поранг германско натпреварување му дава уште поголем „шмек“ на ова дерби.

Сепак, по првиот дел вистински трагичар е голманот на гостите Хојер Фернандес кој веројатно го постигна најпацерскиот автогол во историјата.

Се вчитува...