Анчелоти стави крај на гласините: Реал нема да купува играчи во јануари

Карло Анчелоти стави крај на гласините дека Реал Мадрид ќе тргне по нов напаѓач во јануарскиот преоден рок најавувајќи дека „кралевите“ нема да бидат активни на трансфер-пазарот на почетокот од 2024 година.

Бензема си замина пред самиот крај на преодниот рок, Винисиус цело време се мачи со повреди, па се најавуваше дека Реал ќе тргне барем по позајмица на врвен голгетер, при што се споменуваше Мауро Икарди, но и уште неколку добро познати имиња од европската сцена. Сепак, „кралевите“ веќе го имаат договорено трансферот на бразилското чудо од дете Ендрик за јануари, кој ќе биде единствено освежување за навалната линија на најтрофејниот европски клуб.

„Икарди? Овој одговор не се однесува само на Икарди, туку и на сите останати имиња. Ние нема да купуваме нов напаѓач, без оглед што се пишува по медиумите. Тимот е составуван летово, функционира одлично и покрај проблемите со повредите и немаме намера да носиме нови фудбалери. Реал нема да биде активен на пазарот во јануари“, порача Карло Анчелоти.

Се вчитува...