Стефано Пиоли цела сезона се мачи со повреди на клучни фудбалери на Милан, па стратегот на „росонерите“ има причина за задоволство пред дуелот со Фросиноне, откако Исмаел Бенасер конечно се рехабилитираше и ќе може да го има своето деби сезонава.
Алжирскиот репрезентативец важи за еден од клучните играчи во средниот ред на „росонерите“, но се повреди по 18 минути игра на дуелот од ЛШ против Интер што се играше во април. Рехабилитацијата траеше долго, но Бенасер по повеќе од шест месеци конечно ги надмина сите проблеми и доби зелено светло од медицинските лица за камбек на терените.
Пиоли најверојатно ќе го вклучи Бенасер во стартнио тим, ако се знае дека Круниќ ќе мора да биде преселен во одбранбената линија по повредата на Тиав, кој ќе паузира два месеци од терените. Милан на дуелот со Фросиноне повторно ќе биде и без суспендираниот Жиру, како и без повредените Калулу, Кјаер, Калдара, Пелегрино, Леао и Окафор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

