ВИДЕО: Роналдо сакаше да го прекине мечот, тренерот со телефон го убедуваше судијата, на крај и со реакција на скандирањата „Меси, Меси…“

Ал Наср загуби убедливо со 3-0 од Ал Хилал во големото дерби од 15. коло во Саудиска Арабија, во мечот кој го одбележаа неколку интересни ситуации.

Најпрво во 73. минута му беше поништен гол на Кристијано Роналдо поради наводна офсајд позиција.

 

Но, таа одлука не му се допадна ниту на Роналдо кој бараше да се прекине мечот и да се разгледува ситуацијата, ниту на неговиот тренер Луиш Кастро кој со снимката на телефон го „бркаше“ судијата барајќи правда.

Сепак, одлуката на судијата на беше променета.

На крајот од мечот, во моментите кога Роналдо го напушташе теренот не издржа без скандирањата „Меси, Меси…“. Обично, Португалецот не реагира на таквите провокации, но овој пат не можеше да остане без реакција.

Се вчитува...