Агентката на Халанд искрено: Неговиот трансфер ќе вреди една милијарда евра!

Ако постои фудбалер кој во овој момент е попосакуван од Килијан Мбапе тогаш тоа е сигурно Ерлинг Халанд.

Неговата агентка Рафаела Пимента отиде толку далеку што вели дека неговиот следен трансфер ќе достигне цифра од една милијарда евра. Откако сето тоа предизвика бура реакции во европската фудбалска јавност, таа дополнително објасни на што мислела.

„Не мислев само на неговата цена, туку на се она што се врти околу тоа. Клубови, спонзорства, продажба на дресови. Сигурно Халанд ќе ја достигне оваа бројка, и во тоа нема сомнеж“ – вели Пимента.

 

Се вчитува...