Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти уште еднаш изнесе бројни комплименти на сметка на најдобриот свој фудбалер сезонава, Џуд Белингам.
Но, ако многумина го споредуваат со Ди Стефано, Јохан Крој и Зинедин Зидан, Анчелоти смета дека не се работи за ниту еден од таа тројка, туку за еден фудбалер кого имаше можност да го тренира.
„Не сум го гледам Ди Стефано како игра. Сум ги гледам Кројф и Зидан, а со Белингам сум изненаден исто како и кога првпат го видов Кака како игра. Има тој нешто од Кака. Не велам дека се исти, но имаат многу заеднички нешта“ – вели Анчелоти.
На вчерашниот тренинг Белингам тренираше посебно, но Анчелоти ги отфрли сите шпекулации околу тоа дали ќе игра денеска против Гранада.
„Подготвен е да игра, нема никакви проблеми. Малку е уморен, имаше мал проблем со зглобот но апсолутно ништо страшно. Тој е спектакуларен, фантастичен фудбалер. Многу цениме се што работи за тимот“ – вели Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

