Одлична партија на Димитријевиќ, но Уникс Казањ успеа да „прокоцка“ и 22 поени предност со Локомотив

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одлична партија за Уникс Казањ во 14. коло од ВТБ лигата, но негиот тим загуби на гостувањето од Локомотив Кубањ со 82-75.

Димитријевиќ беше убедливо најдобар поединец на мечот со 18 постигнати поени за 33 минути игра. На нив дополнето и со шест асистенции и три скока, но и тоа не беше доволно да се извлече победата за Уникс Казањ.

Гостите одлично го почнаа мечот во силен ритам кој го диктираше македонскиот кошарка. Па на полувремето Уникс замина со предност од дури 22 поени (24-46).

Но, потоа, зачудувачки, следеше огромен пад во играта во второто полувреме. Локомотив добивајќи го вториот период со 56-29 успеа да дојде до неверојатен пресврт и победа од 82-75.

Во победничкиот тим најдобар беше Акун-Пурсел со 19 поени, а Барфорд заврши со 16 поени. Покрај Димитријевиќ со 18 поени, кај Уникс Казањ се издвои и Дмитриј Куљагин со 17 поени и шест скока.

Се вчитува...