ТФТ Скопје без никакви проблеми до победа со Охрид

Кошаркарите на ТФТ Скопје ја запишаа и шестата победа сезонава во 10. коло од Првата македонска кошаркарска лига, триумфирајќи со 93-75 против Охрид.

Од самиот почеток на дуелот скопјани јасно покажаа дека се цврсто решени да дојдат до победата, неметнувајќи силен ритам со кој на полувремето заминаа со предност од 21 поен разлика (54-33).

И во второто полувреме еднаква слика на паркетот. Рутински домашните ја одржуваа предноста за конечна победа на крајот од 93-75.

Зафиров со 19 поени беше најефикасен кај ТФТ, а по 15 поени постигнаа Николов и Верц. Кај охриѓани без конкуренција се издвои Лајонс со 18 поени, 11 скока и пет асистенции.

ТФТ сега со шест победи се израмни на втората позиција на табелата со Работнички, Еуро Никел, Пелистер и Чаир кои имаат и натпревар помалку. Охрид, пак, остана на последното место со само една победа и девет порази.

Се вчитува...