Нема шега со Џирона: Пресврт-триумф над Валенсија, повторно е лидер на табелата

Џирона е најпријатно изненадување сезонава во шпанската Ла Лига откако овој тим славеше на мечот со Валенсија и повторно се искачи на врвот на Примера дивизион.

Денешниот триумф е уште позначаен ако се знае дека Валенсија прва поведе, и тоа во второто полувреме, но Џирона фуриозно го финишираше мечот, постигнувајќи два гола во завршните десет минути. Стуани, кој влезе во игра во 75. минута, беше херој на домашниот состав со два погодоци во 83. и во 88. минута а огромни три бода на овој состав.

Џирона е осамена на врвот со 38 бода, пред Реал МАдрид со 35 и натпревар помалку, а по „кралевите“ следат Атлетико Мадрид и Барселона со по 31 освоен бод.

Се вчитува...