Арсенал за 13 минути заврши работа против Вулверхемптон

Екипата на Арсенал ќе го заврши и ова коло на чело на премиерлигашката табела откако „топчиите“ славеа на домашен терен против Вулверхемптон со 2-1. Целата работа избраниците на Артета ја завршија уште во првите 13 минути, во кои ги постигнаа двата гола, најпрвин преку Сака, а потоа и преку Мартин Едегард. Арсенал продолжи да го контролира темпото на мечот до самиот крај, не дозволувајќи триумфот во ниту еден момент да биде доведен во прашање. „Волците“ намалија на 2-1 преку Куња во 86. минута, но лидерот знаеше како да го приврши мечот, промашувајќи и зицер за 3-1 кога Нкетиа во ситуација „еден на еден“ со голманот биеше само во дирекот.

Барнли го демолираше Шефилд Јунајтед со 5-0 во дуелот на два тима кои минатото лето се вратија во Премиер-лигата. Домаќините поведоа по само дваесетина секунди игра преку Џеј Родригез и продолжија да ја полнат мрежата на гостите до самиот крај, а Шефикд натпреварот го заврши со фудбалер помалку по црвениот картон на МекБрни во 45. минута.

Брентфорд ја оправда фаворитската улога против Лутон, триумфирајќи со 3-1 во меч во кој четирите погодоци беа постигнати во второто полувеме. Мопеј, Ми и Баптист беа стрелци за победничкиот тим, додека единствениот погодок за Лутон беше дело на Браун.

Се вчитува...