Баер Леверкузен има атомски напад со кој „фармацевтите“ се страв и трепет за противниците од стартот на сезонава. Следен на листата противници за Баер е тимот на Борусија Дортмунд, а „милионериет“ згора на тоа се соочуваат со проблеми поради неиграњето на неколку првотимци на „Бај Арена“.
Германскиот репрезентативец Никлас Зиле не успеа да се опорави од грипот поради кој не настапи против Милан во ЛШ, па одличниот дефанзивец нема да може да им помогне на соиграчите во обид да го запрат најдобриот напад во Бундес-лигата. Во тимот ќе го нема ниту стандардниот бек Рами Бенсебаини, како и Салих Озкан, кои исто така ја загубија трката со времето да бидат „фит“ зза утрешното големо дерби.
Се очекува Рајерсон и Волф да бидат користени на бековските позиции, Емре Џан да го заземе местото на Озкан, додека во одбраната поради неиграњето на Зиле тренерот Терзиќ ќе мора да стартува во Леверкузен со Хумелс и Шлотербек во последната линија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

