Лацио едвај победи и со играч повеќе против Калјари

Лацио ја прекина „црната серија“ од три меча без победа во Серија А откако римскиот клуб вечерва славеше над Калјари со минимални 1-0. Навивачите сепак со право се незадоволни поради слабото издание на својот тим, уште повеќе ако се знае дека гостите од 27. минута беа со фудбалер помалку по исклучувањето на Макумбу, но „лацијалите“ не успеаја да ја осигураат победата што ја најавија со раниот погодок на Педро.

Ваквото издание многу лесно можеше да биде и казнето во судиското продолжение, кога Проведел го спаси Лацио со извонредна интервенција, чувајќи ги трите бода за тимот на Маурицио Сари.

„Лацијалите“ со овој триумф имаат 20 бода, дури 13 помалку од лидерот Јувентус, додека Калјари се наоѓа на 18. место со десет освоени бода по првите 14 рунди од Калчо-лигата.

Се вчитува...