Чаир го претрпе првиот пораз на домашен терен сезонава, втор во низа во рамките од Првата лига откако скопскиот клуб загуби од Еуро Никел со 92-96. Дуелот беше суперинтересен, Чаир успеа да се врати од негатива од 16 поени, дури и да поведе, но гостите од Кавадарци беа поумешни во самата завршница и заслужено се враќаат дома со бодовите.
Првата четвртина мина во израмнета борба што Чаир ја доби со минимални 17-15, но затоа вторите 10 минути минаа во знакот на атомскиот напад на Еуро Никел. Кавадарчани во овие 10 минути игра постигнаа дури 35 поени и со тројката на Дубински на одмор заминаа со водство од 36-50. Гостинкиот состав имаше и 45-61 на половина од третата четвртина, по што домаќините конечно се разбудија, заиграа далеку подобро во одбрната и почнаа да ја намалуваат негативата.
Мустафица беше прецизен за водство од 89-88 на 77 секунди до крајот, но Еуро Никел го издржа завршниот притисок, умешно ги реализираше своите напади и славеше со конечни 92-96.
Смит Меквен беше најефикасен во победничкиот тим со 28 поени, Врањеш оствари дабл-дабл од 22 поени и 10 скокови, додека на Чаир не му помогна ниту одличното издание на Американецот Мофит, кој постигна 38 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА