ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Манчестер Јунајтед заборави да победува топ тимови

Манчестер Јунајтед го претрпе шесттиот пораз во Премиерлигата откако во 14. коло загуби на гостувањето кај Њукасл Јунајтед со 1-0. Херојот на домаќините беше Гордон кој ја затресе мрежата во 55. минута на асистенција на Трипиер.

За „црвените ѓаволи“ тоа е тринаесетти натпревари во кој не успеаваат да стигнат до победа против тим кој влегува во средбата на некоја од првите осум позиции. Последниот ваков триумф е во октомври 2021 година против Тотенхем кога на кормилото на тимот беше Оле Гунар Солскјер. Оттогаш Манчестер Јунајтед забележа три ремиња и десет порази.

Се вчитува...