Пиоли го пофали Јовиќ: Има квалитет за големи нешта

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ го постигна првиот гол во дресот на Милан откако стрелаше во средбата против Фросиноне во која „росонерите“ забележаа рутинска победа од 3-1 за втор триумф во низа во Серија А.

Јовиќ покрај голот забележа и асистенција па доби пофалби од страна на тренерот Стефано Пиоли според кој Србинот поседува огромен квалитет кој ќе му биде од голема помош на Милан.

„Јовиќ има огромен квалитет. Тој е на многу подобро физично ниво сега отколку што беше пред месец дена или пред 90 дена. Знаевме дека имаше проблеми на почетокот на сезоната, но јас го охрабрувам секој ден. Тој има квалитет за големи нешта и затоа мора од себе да бара повеќе. Се надевам дека овој гол и асистенција ќе му ја зголемат самодовербата. Тој е некој кој може да ни понуди повеќе решенија, тој е комплетен напаѓач. Ќе биде многу значаен за нашиот клуб“, изјави Пиоли.

Се вчитува...