Првиот Јапонец со европски трофеј замина во пензија на 44-годишна возраст (ВИДЕО)

Јапонскиот фудбалер Шинји Оно замина во пензија на 44-годишна возраст. Легендарниот фубалер ќе остане запомнет како прв Јапонец кој освои европски трофеј, оној од финалето во УЕФА Купот во 2002 година кога Фејенорд славеше над Борусија Дортмунд.

Оно својот последен натпревар го одигра за Хокаидо, а на средбата против Урава беше повлечен во 22. минута на oвации од преполниот стадион.

Офанзивниот играч од средниот ред во европскиот фудбал покрај Фејенорд чиј дрес го носеше од 2001 до 2005 година настапуваше и за Бохум. За репрезентацијата на Јапонија одигра 56 настапи и беше дел од три Светски првенства.

Се вчитува...