Шкупи има водство од 1-0 по првото полувреме против Шкендија на дербито од 17.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Чаирчани заслужено имаат предност благодарение на голот на Кристијан Трапановски во 38. минута од средбата.
Одлична соло-мајсторија на Трапановски кој беспрекорно се ослободи од своите чуварипо левата страна и прецизно стрелаше во голот на тетовци…
Гостивар води против Силекс во Кратово со 0-1. Со циркус-погодок гостиварци дојдоа до предност во 13. минута благодарение на очајниот терен во Кратово.
Тиквеш во Кавадарци имаше водство од 2-0 против Струга ТЛ по само 13 минути игра, но шампионот успеа до полувремето со два гола да дојде до 2-2 пред паузата.
Уште во 6. минута со автоголот на Згуро, Тиквеш дојде до предност од 1-0, а веќе во 13.минута и Ибиши зголеми на 2-0.
Сепак, најпрво Радески во 39. минута намали на 2-1, а истиот фудбалер во 43. минута израмни и на 2-2.
Во Штип, пак, Брегалница води против Воска Спорт со 2-1. Во 7.минута прекрасен гол на Зоран Андонов за водство од 1-0, а во 16. минута Роналдо Вебстер по одличната топка од длабочина стрелаше за 2-0.
Но, Воска Спорт во последните секунди од првиот дел со голот на Олатунбосун успеа да ја ублажи предноста на домашните на 2-1.
Единствено низ првите 45 минути немаше погодок на натпреварот во Скопје меѓу Работнички и АП Брера.
ПРВА ЛИГА – 17. КОЛО (прво полувреме)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ 2-1
Андонов 7′, Вебстер 16′ – Олатунбосун 45’+1
Скопје: РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА 0-0
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-0
Трапановски 38′
Кратово: СИЛЕКС – ГОСТИВАР 0-1
Кехинде 13′
Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 2-2
Згуро 6′(аг), Ибиши 13′ – Радески 39′, 43′
ВЧЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 0-1
Милосавиќ 35′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

