Тиквеш има за што да жали по 17. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Кавадарчани на денешниот дуел пред своите навивачи против шампионот Струга ТЛ имаа водство од 2-0 по само 13 минути игра, а на крај загубија со 2-3 со евро-гол на гостите во 82. минута од средбата.
А, уште во 6. минута со автоголот на Згуро, Тиквеш дојде до предност од 1-0, а веќе во 13.минута и Ибиши зголеми на 2-0.
Сепак, најпрво Радески во 39. минута намали на 2-1, а истиот фудбалер во 43. минута израмни и на 2-2.
Во второто полувреме, кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Георгиевски во 82.минута постигна еврогол со шут од 25 метри за конечна победа на стружани.
ПРВА ЛИГА – 17. КОЛО
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ 2-2
Андонов 7′, Вебстер 16′ – Олатунбосун 45’+1, Трпески 86′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА 1-0
Адем 70′
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-0
Трапановски 38′
Кратово: СИЛЕКС – ГОСТИВАР 1-1
Ѓорѓиевски 88′ – Кехинде 13′
Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 2-3
Згуро 6′(аг), Ибиши 13′ – Радески 39′, 43′, Георгиевски 82′
ВЧЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 0-1
Милосавиќ 35′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

