УЕФА го препозна првиот натпревар од висок ризик на Евро 2024: „Mесто Русите, сега тука се Србите“

Ждрепката за престојното Европско фудбласко првенство кое ќе биде одржано во 2024 година во Германија ја смести Србија во група со Англија, Данска и Словенија. Историскиот натпревар како самостојна држава Србите ќе го имаат против Англичаните, а овој натпревар УЕФА го процени како натпревар од висок ризик.

Тоа беше повод за светските медиуми за направат и самостојна анализа, а пишувањата на шпанскиот „Ас“ ја револтира јавноста кај нашиот северен сосед.

„Ас“ наведува дека навивачите на Србија и Англија се сметаат за опасни со оглед на нивната позадина на клупско и репрезентативно ниво, а медиумите се наврати и на Евро 2016 кога во Марсеј силите си ги одмерија навивачите на Англија и Русија.

„Сега Србите ќе бидат тука наместо Русите и сликата ќе биде иста. Терминот на натпреварот од 21 часот ќе значи дека во текот на денот ќе пијат алкохол, а и бидејќи се работи за прв натпревар на турнирот, се зголемува и несигурноста бидејќи опасните ултраси нема да бидат под контрола“, стои во објавата на Шпанците.

Се вчитува...