Фиорентина им се врати на победите во италијанското првенство откако во 14. коло славеше на домашен терен против Салернитана со убедливи 3-0. До победа „лалињата“ ги предводеа Белтран, Сотил и Бонавентура со голови во 6. 18. и 56. минута.
Удинезе и Верона пак ремизираа со 3-3 во натпревар во кој беа постигнати по три голови во првото и второто полувреме. Кабаеселе и Лука стрелаа за домаќините во 16. и 30. минута за 2-0, а откако Џуриќ намали на 2-1 во 37. минута преку пенал, Нгонге донесе изедначување од 2-2 во 61. минута.
Лука донесе нова предност за Удинезе во 72. минута, а домаќините беа и пред три бода, но Анри со гол во шесттата минута од судиското продолжение на второто полувреме се избори за реми од 3-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

