Донарума со карате потег „патосираше“ противник па доби директен црвен картон (ВИДЕО)

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума доби директен црвен партон на гостувањето на неговиот тим кај Ле Авр во француското првенство откако во 10. минута несмасно стартуваше над противнички фудбалер со отворена копачка надвор од шестнаесетникот.

Италијанскиот чувар на мрежата во обид да стигне до топката со „карате потег“ го закачи противничкиот фудбалер кој падна на земјата, но за среќа избегна посериозна повреда. Судијата без дилема го исклучи Донарума, но и тоа не го спречи ПСЖ да стигне до трите бода.

Се вчитува...