Не се гледа често: Гол и автогол на Сон за само три минути (ВИДЕО)

Дербито на 14. коло во Премиерлигата помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем донесе бурни десет минути на стартот на средбата, а и два гола во период од само три минути и тоа двата во изведба на фудбалерот на гостите Хјунг-Мин Сон.

Кореецот во шесттата минута донесе предност од 1-0 на „петлите“ по фантастичен контра напад, но три минути подоцна постигна автогол за изедначување на 1-1 по нафрлувањето од слободниот удар на домаќините.

Се вчитува...