Гвардиола: Не постои среќа во фудбалот

Манчестер Сити и Тотенхем одиграа спектаклуларен натпревар во 14. коло во Премиерлигата кој заврши со делба на бодовите по реми проследено со шест голови.

Шпанскиот стратег на клупата на „граѓаните“, Пеп Гвардиола по натпреварот ги пофали своите фудбалери за прикажаното во текот на целиот натпревар додавајќи дека во фудбалот среќа не постои.

„Креиравме многу шанси, целиот натпревар бевме агресивни и концентрирани. Фудбалот е некогаш како животот, не до добиваш тоа што го заслужуваш. Уште како играч научив дека среќата во фудбалот не постои. Што можам по ваков натпревар да им кажам на играчите и на навивачите кои не поддржуваа во текот на целиот натпревар?“, вели Гвардиола.

Се вчитува...