Албанија чекаше осум години одново да игра на едно Европско првенство, второ во нивната историјата. Меѓутоа таму доживеаја целосно разочарување после добивањето на групата во која се со Италија, Шпанија и Хрватска.
На Албанците им се даваат мали шанси за прогрес во групата, а интересен коментар имаше селекторот на оваа репрезентација Силвињо, кој кажа дека во групата недостасуваат само Бразил и Аргентина да биде најтешката група во светот.
„Па, недостасуваат само Бразил и Аргентина“, рече Силвињо во смеа и додаде:
„Не можам да се жалам на ждрепката. За Албанија секоја ждрепка ќе беше тешка. На ЕВРО нема лесни пртоивнци. Добивме селекции кои имаат огромно искуство со играње на вакви натпреварувања. За нас е голем предизвик. Сите против нас се фаворити, но така беа и Полска и Чешка, па ние ги победивме. Работев во Италија, живеев во Шпанија, ги познавам нивните фудбалски менталитети. Можеби ќе ми биде од корист да ја подготвам екипата“, рече Силвињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА