Се прошири „болницата“ во Реал, се повреди уште еден клучен играч на „кралевите“

Шпанскиот репрезентативец Даниел Карвахал, го повреди листот на левата нога поради што ќе паузира од терените еен месец, известија денеска шпанските медиуми.

Карвахал го напушти теренот на полувремето на мечот со Гранада, кога беше заменет со Лукас Васкез. Карло Анчелоти по мечот кажа дека Карвахал само ситно го повредил мускулот, но денеска по лекарските прегледи издаде соопштение за неговата состојба.

„На Карвахал му е дијагностицирана повреда на листот на левата нога“, соопшти Реал Мадрид после прегледите, притоа не прецизирајќи колку ќе паузира.

Шпанската национална телевизија соопшти дека Карвахал ќе го нема до крајот на годината.

Се вчитува...