Тренерот на Новак Ѓоковиќ, поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ беше номиниран за наградата за најдобар тренер за 2023 година по успесите со Србинот па по тој повод даде и интервју за порталот „We are tennis“ каде говореше на повеќе теми.
Една од нив беше и односот со Ѓоковиќ за кој изјави дека воошто не е лесно да се справите со него поготово кога работите не му одат од рака.
„Каков е Новак? Најдобро што можам да го опишам е како директор на некоја корпорација. Успесите го издвоија од другите, но тој зависи од профит. Како што загубите влијаат на корпорацијата, така влијаат и на него. Ако губи му паѓа вредноста на пазарот, а Новак како и секој врвен тенисер тоа тешко го поднесува.
Не е лесно со него, поготово кога работите не му одат од рака. Еднаш три дена не држеше со лисици, не мачеше и ни ги корнеше ноктите… Има многу работи кои не смеам да ги кажам, но тука сме, се уште сме живи“, вели Иванишевиќ.
Сепак Хрватот му се восхитува на Србинот на постигнатот, но и тоа што на 36-годишна возраст цели кон успеси како и на почетокот на кариерата.
„Постојано сака да биде подобар. Тоа за мене како тренер, но и за останатиот дел од тимот е воедно и добра и лоша работа. Лут сум му бидејќи некогаш без потреба вика на нас, но знам дека не е лесно да се справиш со пораз по загубен меч. Тој се бори сам со себе. Јасно ми е и дека не е лесно да најдеш мотивација кога ќе освоиш се, но добро е што се уште успева да најде мотив“, додава Хрватот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА