Пред двојното коло во Евролигата и средбите против Панатинаикос и Алба Берлин турскиот гигант Андолу Ефес доби лоши вести. Тренерот Ердем Чан нема да може да смета на услугите на поискусните кошаркари Вил Клајбурн и Родриг Бобуа поради повреди.
Американецот и Французинот нема да ги пропуштат само овие две средби туку ќе бидат надвор од теренот на подолги стази. Клајбурн има повреда на стапалото и ќе биде во „аут“ во следните шест недели, додека Бобуа се мачи со повреда на грбот и нема да може да им помогне на соиграчите во следните три недели.
Тоа само дополнително ја зголеми листата на повредени играчи каде уште се наоѓаат и: Дерек Вилис, Анте Жижиќ и Елајџа Брајант, а неизвесен во следниот период ќе биде и центарот Тибор Плајс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА