Енрике застана во одбрана на „каратистот“ Донарума: Јас сум виновен…

ПСЖ ја продолжи победничката низа и стигна до нови три бода во француското првенство откако во 14. коло славеше на гостувањето кај Ле Авр со 2-0 и покрај тоа што од 10. минута беше со играч помалку по директниот црвен картон на Џиџи Донарума кој несмасно стартуваше надвор од шестнаесетникот.

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике сепак застана во одбрана на својот фудбалер изјавувајќи дека доколку некој е виновен тоа е самиот тој бидејќи бара својот голман да покрива повеќе простор.

„Немам никаков проблем со тоа што го направи Џиџи. Тој инцидент повеќе укажува на проблемот во одбранбената линија отколку проблем со голманот, а јас сум тој кој од голманот бара да покрива повеќе простор. Ако некој е крив, тогаш тоа сум јас. Во главно ваквите работи поминуваат добро. Моја грешка е кога нема да бидат добри. Џиџи само го направи тоа што се бараше од него“, изјави Енрике.

Се вчитува...