Андолу Ефес ги засили своите редови со американскиот центар Даниел Отуру кој доаѓа во евролигашот како позајмен играч од Меркезефенди до крајот на сезоната.
Дваесетичетиригодишникот на десет одиграни средби во турското првенство забележа просек од 20.3 поени и 9.6 скокови со што ги примами погледите на тимовите од горниот дел од табелата, а за да заврши во Анадолу Ефес се погрижи самиот остварувајќи „дабл-дабл“ учинок од 28 поени и 11 скокови во средбата против овој тим на 19. ноември.
Поранешниот 33-ти пик на НБА драфтот во 2020 година претходно настапуваше за Лос Анџелес Клиперс и Торонто Рапторс.
Başarılı oyuncu Daniel Oturu, sezon sonuna kadar kiralık olarak formamızı giyecek. ✍️
Welcome Daniel!#BenimYerimBurası#WhereIStand pic.twitter.com/swBEI9Z5aJ
— Anadolu Efes SK (@AnadoluEfesSK) December 4, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА