Најмалку едно финале во Лигата на шампионите до 2030 година ќе се игра во Абу Даби, откако УЕФА потпиша договор за соработка вреден 2,4 милијарди евра со владата на Обединетите Арапски Емирати како дел од борбата против Супер лигата, Саудијците и ФИФА.
Оваа ставка е вклучена во договорот за правата за емитување за натпреварувањето организирано од УЕФА, па најважниот натпревар во европскиот клупски фудбал наскоро би можел да се пресели на Блискиот Исток.
Европските медиуми додаваат дека преговорите меѓу маркетинг тимот на УЕФА и Министерството за култура и туризам на ОАЕ траеле со месеци и дека на крајот бил постигнат договор кој, на крајот, бил „одобрен“ од највисоките власти, претседателот на европската „Куќа на фудбалот“ Александар Чеферин и премиерот на оваа блискоисточна земја богата со нафта, Мохамед бин Рашид Ал Мактум.
Емиратите во европскиот фудбал одамна се влезени преку Манчестер Сити, кој е во сопственост на шеикот Мансур бин Зајед бин Султан Ал Нахјан, братот на претседателот на Емиратите, шеикот Мохамед бин Зајед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА