Следната година Копа Америка ќе се одржи во 14 градови низ САД, а финалето ќе се игра на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, потврди Јужноамериканската фудбалска конфедерација.
Првото полуфинале ќе се игра воЊу Џерси, а второто на стадионот во Шарлот, Северна Каролина. Четвртфиналните борби ќе се одржат во Арлингтон, Хјустон, Лас Вегас и Глендејл.
Други градови домаќини се Лас Вегас, Орландо, Санта Клара, Инглвуд, Канзас Сити (Мизури) и Канзас Сити (Канзас). На Копа Америка од 20. јуни до 14. јули следната година ќе учествуваат 16 репрезентации – десет од Јужна и шест од Северна и Централна Америка и Карибите.
Ждрепката ќе биде извршена во вторник, а титулата ќе ја брани Аргентина која во 2021 година го совлада Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА