Македонската женска репрезентација и покрај тоа што имаше до самиот финиш предност од 0-2 на гостувањето против Бугарија во Софија во последниот натпревар во Лигата Ц од УЕФА Лигата на нации, на крај ремизираше (2-2) по два гола примени во последните минути од кои израмнувачкиот подарен за Бугарките во 95. минута од нашата голманка Лековска.
Составот на Кирил Изов одигра квалитетен натпревар сосема заслужено доаѓајќи до предноста од 0-2 и покрај тоа што последните 20 минути од средбата ги играше и со фудбалерка помалку по исклучувањето на Коларовска во 71. минута.
Најпрво Гентијана Рочи уште во 11. минута од средбата донесе водство од 0-1.
Во второто полувреме, Максути во 62. минута донесе предност и од 0-2, за да Желева со гол во 85. минута испеа да намали на 1-2.
Кога се чинеше дека, сепак, ќе ја однесеме победата во 95. минута, буквално во последните секунди од натпреварот, еден сосема безопасен центаршут пред нашиот гол но несигурна интервенција на голманката Лековска која и ја подари топката на Расина за да од само еден метар пред нашиот гол непречено стрела за конечни 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА