Екипата на Панатинаикос, со новите имиња кои ги донесе во своите редови, беше еден од фаворитите за освојување на Евролигата, но очигледно дека во грчките „зелено-бели“ ќе им треба време добро да се воиграат. После поразот во Белград, грчкиот тим загуби и во Истанбул, од тимот на Анадолу Ефес.
Турскиот тим уште по првата четвртина имаше предност од осум поени разлика, а на полувреме замина со предност од шест. Меѓутоа голем пресврт во третата четвртина, која ја доби Панатиниакос со +8, и дојде до предност. Меѓутоа одличната последна четвртина на Анадолу Ефес ја донесе победата од 71-68.
Џонс и Ларкин со 21, односно 20 поени беа најефикасни на средбата и творци на триумфот на домашниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА