Покетино: Не е убав момент за гостување на Олд Трафорд

Кризата на Манчестер Јунајтед треба да биде од корист за Челси, пред денешното гостување во вонредното 15. коло во Премиерлигата. Пред неколку дена лондончани го победија Брајтон дома со 3-2, додека Манчестер Јунајтед загуби од Њукасл со 1-0.

И покрај тоа што Челси има шанси да го победи „ранетиот“ Јунајтед, сепак, Маурисио Покетино е внимателен и кажа дека гостувањето во Манчестер доаѓа во лош момент.

„Не би рекол дека е добар момент за гостување на Олд Трафорд. Мислам дека двата тима сме во слична ситуација. Против нас ќе излезе тим кој ќе игра добро, и ќе сака да победи. Ние сакаме да продолжиме со победите“, изјави Покетино.

Се вчитува...