Вулверхемптон дојде до петтата победа во Премиерлигата, откако вечерва во 15. коло го совладаа тимот на Барнли минимално со 1-0. И покрај тоа што не доминираа во целост, сепак, домашниот тим стигна до победата со голот на Хванг Хи-Чан во 42. минута.
„Волците“ со оваа победа ја прекинаа серијата од два порази по ред во Премиерлигата од Фулам и од Арсенал.
Вулверхемптон барем за момент ќе биде на 12. позиција, додека Барнли остана н претпоследното место со седум бодови, колку што има и Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА