Гендузи го однесе Лацио во 1/4 финалето на Купот на Италија (ВИДЕО)

Екипата на Лацио е првиот тим кој успеа да се пласира во 1/4 финалето на Купот на Италија, откако го совладаа тимот на Џенова со 1-0.

Стрелец на единствениот гол вреден победа беше Матео Гендузи во 4. минута од средбата. Играчот од средниот ред од 17-18 метри со прецизен удар го совлада голманот на Џенова за голема победа.

Џенова имаше свои шанси да се врати во мечот и да се избори барем за продолженија, но не успеа.

Се вчитува...