Куп на Германија: Менхенгладбах го елиминираше Волфсбург во 120. минута

Екипата на Борусија Менхенгладбах обезбеди пласман во 1/4 финалето во Купот на Германија, откако го совлада Волфсбург на домашен терен со гол во 120 минута од средбата.

По регуларниот дел беше 0-0, а домашниот тим со гол во последната минута од продолженијата стигна до победата. Стрелец на голот беше Коне.

Претходно пласман во следната фаза обезбедија екипте на Кајзерслаутерн, Фортуна Дизелдорф и Сент Паули. Кајзерслаутерн на домашен терен го победи Нирнберг со 2-0, додека Сент Паул славеше на гости кај Хомбург со 1-4. Фортуна Дизелдорф со пресврт го победи тимот на Магдебург со 1-2.

Се вчитува...