Струга ТЛ во деветтата минута од судиското продолжение доби пенал кој беше клучен за триумф од (1-0) против Воска.
Тренерот на охридскиот клуб Милјан Радовиќ е тотално разочаран од судењето на овој меч, нарекувајќи го срам за фудбалот во Македонија.
„Ова е катастрофално за фудбалот во Македонија. Ваквото судење ги надминува сите очекувања. Срамота би рекол. Навистина жалам за нашите момци кои се бореа до крај, добро одиграа, но не можете да играте против друга сила, која ве казнува со своите одлуки. Одиме напред уште посилно“, изјави Радовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА