Шампионката на УС Опен од 2021 година, се враќа на тениските терени откако немаше играно од април и падна на 296. место на ВТА ранг-листата по три операции.
За учество на турнирот во Нов Зеланд, кој се одржува од 1. до 7. јануари, Радукану доби специјална покана од организаторите, јави Би-Би-Си. Најавени се и Американката Коко Гоф и Данката Каролин Вознијацки.
Радукану годинава одигра само девет натпревари, а во мај ги оперираше двете раце и левиот зглоб. Болката во коските во близина на зглобовите ја мачеше од крајот на минатата година па поради тоа мораше да замине на оперативен зафат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

