„Надал нема да му биде закана на Ѓоковиќ на Ролан Гарос“

Поранешниот француски тенисер Флориан Сера не смета дека Рафаел Надал е способен повторно да го освои Ролан Гарос.

Шпанецот е рекордер со 14 титули во Париз, но речиси една година не беше на теренот поради проблем со колкот.

Тој ќе се врати на турнирот во Бризбејн и го чека тежок период на опоравување, бидејќи нема да има статус на носител на турнирите поради слабиот пласман.

„Мислам дека не е способен да го подигне трофејот на Ролан Гарос по 15. пат и со тоа да го предизвика Новак Ѓоковиќ. Мислам дека едногодишно отсуство е предолго“, изјави Сера.

Се вчитува...